Турските сили бомбардираа денеска позиции на курдската Единица за заштита на народот, на источниот дел на реката Еуфрат во северниот дел на Сирија.

Мета на нападот била областа Зор Магар во западниот регион Ајн ал Араб, а целта, како што јави турската агенција Анадолија, спречување на „терористички активности“.

Турција спроведе офанзива против курдските сили во сирискиот регион Африн кон почетокот на годинава и повеќепати најави дека ќе напаѓа и источно од Еуфрат.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно изјави дека целта на Анкара е да обезбеди контрола врз регинот источно од Еуфрат, така што ќе ја отстрани Единицата на сириските курди од тој дел.