ЦРНА ГОРА

Странските гости што планираа да летуваат во Црна Гора се пренасочуваат кон конкурентските дестинации во регионот. Поради строгите мерки за влез во Црна Гора за спречување на епидемијата со коронавирусот, туристите како летна дестинација ја избираат Албанија, пишува „Побједа“.

Туристите од Белорусија и од Украина се заинтересирани да престојуваат на црногорското приморје, но поради задолжителниот пи-си-ар тест тоа не им се исплати. Поради ова, туристичката асоцијација во ЦГ предлага укинување на овој тест при влезот во земјата и воведување засилена контрола, се наведува во текстот на подгоричкиот весник.

Според сознанијата на Асоцијацијата на хотели и апартмани во Улцињ, полесните мерки за влез што ги воведе Албанија доведоа до тоа албанските туристички капацитети да бидат пополнети и до 90 отсто во однос на лани, пренесува „Танјуг“.