Три земјотреси со слаб интензитет се регистрирани денеска во реонот на Јонското море, јужно од островот Закинтос.

Како што соопшти Геодинамичкиот институт при Атинската национална опсерваторија, последниот трет послаб земјотрес е регистриран во 12 часот, со епицентар на 38 километри југозападно од Закинтос.

Претходно, околу 10 часот изутринава, јужно од Закинтос беа регистрирани два земјотреса со јачина од 4,6 степени и 4,2 степена по Рихтеровата скала.

На овој остров на 26 октомври беше регистриран силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтер.