„Транспаренси интернешнл“ објави извештај – „Examining State Capture: Undue Influence on Law-Making and the Judiciary in the Western Balkans and Turkey“ којшто се однесува на заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција преку истражување на случаи карактеризирани како голема корупција вклучувајќи високи функционери и политичари, како и наменско – донесени закони или закони донесени по мерка (tailor made laws).

Извештајот илустрира сеопфатна анализа на случаи на голема корупција и открива како клиентелистичките мрежи и шеми функционираат на национално и локално ниво вклучувајќи злоупотреба на јавната функција на високи функционери во државите од регионот и открива како политичките партии и моќта кои тие ја имаат се клучни во опстојувањето на овие мрежи и како влијаат во судството и судските постапки и истраги во врска со случаите на голема корупција.

Законите донесени „по мерка“ (tailor made laws) се донесени за да можат да ги задоволат интересите на одредени личности, групи, или компании. Овие закони се највисокиот израз на концептот на заробена држава поради тоа што на легален начин ја овозможуваат заробеноста на државата.