Двајца вработени во кампот „Јежевац“, кој се наоѓа во близина на плажата каде што се случила трагедијата, успеале да ги спасат дедото и внукот. За жал, бурното море ја одвлекло бабата од брегот… Иако се обиделе да ја реанимираат и 52-годишната жена од околината на Осијек, која била извлечена од морето на плажата на Крк, таа не можела да се спаси.

Според хрватските медиуми, викендов дедото и 10-годишниот внук, кои биле сместени во апартман на близина на градската плажа Плав, одлучиле да пливаат во морето иако временските услови биле крајно неповолни.

Набргу големи бранови почнале да се креваат, а морските струи ги спречувале при обидот да стигнат до брегот. Бабата, гледајќи ги како се борат со бурното море, сосе облека одлучила да влезе во морето за да им помогне. Во меѓувреме, дедото и внукот биле спасени од двајца вработени во автокампот „Јежевац“.

Тие веднаш тргнале да ја спасат и несреќната жена, но лошото време им се заканувало и на спасувачите. Динко Петров, командант на професионалната Противпожарна единица Крк, за „Нови лист“ изјави дека во 2.51 часот преку службата 112 вработените добиле пријава за случајот.

– Веднаш по пријавата, тројца наши вработени притрчаа во комплексот за кампери со возила, кои вклучуваа опрема за овој вид спасување. По пристигнувањето во кампот, се покажало дека двајца храбри работници, со голема тешкотија да ги избегнат карпите на кои ги фрлало бурното море, успеале да извлечат од морето двајца мажи, дедо и внук, и дека тие веднаш се фрлиле во обид да ја спасат и жената, која морето ја повлекло подалеку од брегот – вели Петров.

Таа едвај била извлечена на брегот, на местото на трагедијата пристигнале и две екипи на медицинската помош од Крк, но, за жал, не успеале да ја спасат.