Од 1 октомври 2020 година, новите лични документи на бугарските државјани ќе имаат биометриски чип. Меѓународната патна исправа може да важи 5 или 10 години. Само лица над 18 години можат да имаат пасоши со важност од десет години. На деца на возраст под 18 години ќе им бидат издадени само пасоши со важност од 5 години, ова се новините за кои гласаа пратениците со измените на Законот за бугарските лични документи, објави БНР.

– До 2020 година ќе има сериозни тешкотии при издавање лични документи, вклучувајќи и за Бугарите што патуваат во Велика Британија – предупредува Иван Иванов, заменик-претседател на парламентарната комисија за внатрешна безбедност и јавен ред и пратеник на БСП.

Ова предупредување доаѓа по препораката од Министерството за надворешни работи дека во случај на брегзит без договор од 2020 година, Бугарите треба да патуваат со меѓународни пасоши, кои содржат биометриски податоци.
Во 2020 година 1,6 милион Бугари ќе ги менуваат личните документи. Ова дополнително ќе го оптоварува издавањето патнички билети и меѓународни пасоши.
– Техничката подготовка на Министерството за внатрешни работи не е доволна. Се сомневам дека МВР ќе ги спроведе сите мерки планирани за справување со проблемот – рече Иванов.

Тој рече дека може да се водат разговори за измени во законодавството.
– Но, не гледам во последен момент каков ефект ќе имаат тие, бидејќи поголем проблем е административната подготвеност на МВР да апсорбира таков проток на луѓе – изјави тој.
Според него, ќе се создадат долги редици за промена на личните документи на бугарските граѓани.