На автопатот А3 во Хрватска, од засега непознати причини и на неутврден начин, се случила сообраќајна незгода помеѓу два камиона и две патнички возила, пренесуваат тамошните медиуми.

По несреќата камионите се запалиле.
Сообраќајот се одвива отежнато, по заобиколен пат, односно преку локалните патишта. Според досега собраните информации, во несреќата загинале две лица, пренесува порталот „Индекс“.

Увид ќе се спроведе веднаш штом условите го дозволат тоа, соопшти полицијата.

На терен се пожарникарите од Дуго Село и Иваниќ Град. Дарио Кезериќ од Јавната противпожарна единица за Дневник.хр изјавил дека се судриле два камиона и два автомобила.

Кезериќ потврди дека на местото на несреќата одекнале детонации.