Полицијата во Будва повторно ги уапси градоначалникот, Марко Царевиќ, и претседателот на општинското собрание, Крсто Радовиќ.

Минатата среда полицијата уапси 23 лица, меѓу кои и Царевиќ и Радовиќ.

Како што соопштија тогаш регионалните медиуми, пред акцијата за апсење бројни полициски сили биле распоредени околу општинската зграда во која претходната ноќ останале уапсените први луѓе Царевиќ и Радовиќ, на кои неодамна им била изгласна недоворба од локалниот собраниски состав на Будва.

Денеска покрај нив уапсени се и членовите на Демократскиот фронт, Ѓорѓе Вујовиќ и Ѓорѓе Прибиловиќ, како и член на СНП, Крсто Раџеновиќ.
Приведен е и Драган Бозовиќ, началник на Службата за заштита и спасување.

Според познавачите на состојбите, овој наплив на насилство е израз на нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите, која сега се префрла и на локално поле.
Според српските медиуми, скриена причина за апсењата на градоначалникот на Будва наводно е неговата поддршка на литиите кои Српската црква ги организира против Законот за вероисповед во Црна Гора.