Слободата на медиумите е тема да третата тркалезна маса на претставниците на власта и делот од опозицијата, закажана за 19 август, која е во рамките на политичкиот дијалог што се води на Факултетот за политички науки во Белград.
Од здружението на новинарите НУНС сметаат дека нивни претставници не треба да учествуваат на затворениот дел на состанокот, затоа што за медиумските слободи треба да се разговара јавно.

– За темата за слободата на медиумите најмало попуштање ќе има од страната на власта, односно од претседателот на Србија Александар Вучиќ. Медиумите се нешто на што тој го базира своето владеење и поддршката што ја добива од граѓаните. Тешко е дека ќе има некои поместување во ставовите – вели Бобан Стојановиќ, политиколог и член на стручниот тим на протестите „Еден од пет милиони“.

Од здружението на новинарите на Србија претходно го соопштија ставот дека нивни претставници нема да присуствуваат на политичкиот дијалог, затоа што не беше прифатено нивното барање сите заинтересирани новинари да ги следат состаноците што се одржуваат зад затворени врати на Факултетот за политички науки.