Ден пред состанокот во Берлин, косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека очекува визна либерализација.

-Косово ги исполни сите критериуми и заслужува слободно движење како и сите други граѓани во регионот и на континентот. Ако тоа не се случи, состанокот во Берлин ќе биде разочарувачки за косовските граѓани- изјави Тачи.

Тој вчера изрази очекување дека германската канцеларка, Ангела Меркел ќе го убеди српскиот претседател, Александар Вучиќ да ја признае косовската независност.

Ги повтори и тврдењата за „геноцид на Србија во Косово 1998-1999 година“, истакнувајќи дека на овој состанок ќе бара да се казни Белград.

Тачи рече дека е скептичен во однос на тоа дека Белград и Приштина ќе се усогласат за продолжување на дијалогот, но дека состанокот во Берлин ќе биде повик за продолжување на дијалогот на основа на можноста за постигнување на сеопфатен договор за нормализација на односите.

Во рамки на состанокот најавена е и средба на Тачи со Вучиќ.