Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против Хашим Тачи. Ова го соошти косовскиот претседател на прес-конференција во Приштина.

– Со цел да се заштити интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, денеска поднесувам оставка како претседател. Се чувствувам многу горд на оваа одговорност што ја имав. Во овие нови околности, ги повикувам политичките сили да внимаваат да не навлегуваат во скапа или институционална криза. Земјата нема време да изгуби, да ја одржи смиреноста – рече Тачи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалниот обвинителство во Хаг. За потсетување, обвинението против Тачи, Весеји и девет припадници на ОВК беше поднесено од Специјализираното обвинителство до Специјализираните совети на Косово на 24 април, а шестмесечниот рок за негова потврда истече на 24 октомври.