Претседателот на Косово, Хашим Тачи, објави на фејсбук дека во Тирана разговарал со албанскиот премиер, Еди Рама, за потребата од целосно отворањето на границите меѓу Косово и Албанија и формирање „албански простор без граници, под евроатланско покровителство”.

-На средбата ја спомнавме потребата да се поправат историските неправди, со обединување на албанскиот фактор околу сензибилизација на правото за приклучување на Прешево, Медвеѓа и Бујановец кон територијата на Република Косово, рече Тачи.

Претседателот на Косово престојува во Тирана, во рамки на процесот Брдо-Бриони, иницијативи кои во 2013 година ги покренаа Хрватска и Словенија, за да се забрзал приближувањето на регионот во Европската Унија.