Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен и дека целта на помирувањето е „постигнување дефинитивен договор кој ќе биде од корист за двете страни”.

Во интервју за францускиот весник „Фигаро”, Тачи додава дека не постои „волшебна формула“ за решението.

– Не станува збор за изнаоѓање волшебна формула, туку промовирање прагматично решение што ќе им овозможи на Косово, и на Србија, да се доближат до европското семејство – рече Тачи.

Тие велат дека „ние не треба да бидеме повеќе заложници на минатото” и нагласува дека „на децата им должиме мир и просперитет”.