Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на прес-конференција рече дека косовските институции се подготвени да го продолжат дијалогот со Србија, објави денеска РТК2.

– Косово е подготвено, ние ќе работиме да бидеме што е можно поединствени и обединети. Само интеракцијата и координацијата гарантираат целосен успех – рече Тачи.

Тој додаде дека Косово ќе работи на спроведување на најновите договори постигнати со Србија. Според него, пандемијата сè уште не поминала и се зголемува бројот на заразени лица. Тачи ги повика граѓаните да ги почитуваат препораките на институциите за да не се вратат строгите мерки преземени за да се спречи ширењето на ковид-19.