Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјавил дека за повиците за сослушување пред Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК, каде се упатени Рамуш Харадинај и Бислим Зурапи и неговиот советник, дознал од медиумите.

– Со жалење ја примив веста дека Специјалниот суд, на разговор ги повикал мојот советник и поранешниот шеф на главниот штаб на ОВК, Бислим Зурапи и некогашниот командант на зоната, Дикаќин Рамуш Харадинај, како и уште некои поранешни офицери на ОВК – рекол Тачи.

Тој додал дека за оставка на Харадинај дознал преку медиумите.