Поранешниот приштински претседател Хашим Тачи за првпат се појави пред Хашкиот трибунал за воени злосторства. Тачи, кој е еден од основачите и припадник на Генералштабот на терористичката паравоена единица на Косово, ОВК, изјави дека не е виновен и дека не ги признава обвинувањата што му се ставаат на товар во обвинението на специјалниот обвинител на Косово.

– Чесен суде, обвинението е без никаква основа и изјавувам дека не сум виновен по ниту една од 10-те точки на обвинението – рече Тачи пред судијата за претходна постапка на Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг.

Тој ги негираше обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото помеѓу март 1998 и септември 1999 година.