Косовскиот претседател Хашим Тачи на приштинската телевизија Т7 изјави дека дијалогот со српскиот претседател Александар Вучиќ е неизбежен.

– Него го избра српскиот народ – рече Тачи, додавајќи дека Србија се однесува непријателски кон Косово, но дека е потребно повеќе да се гледа во иднината.