Кандидатот од Нова демократија, Константинос Тасулас вчера беше избран за нов претседател на грчкиот парламент. Тој беше избран со рекорден број гласови, 283 од 298 присутни пратеници.

Пратеничките групи на Нова демократија, СИРИЗА, Движење на промена, Грчко решение и МЕРА 25 гласаа „за“ изборот на Тасулас, а 15 пратеници од Комунистичката партија беа воздржани.

Денешната мнозинска поддршка за единствениот кандидат од владејачката Нова демократија е рекорд за грчкиот парламент.
Во 2015 година, тогашната пратеничка на СИРИЗА, Зои Константопулу, беше избрана за претседателка на парламентот со 235 позитивни гласа.

Премиерот Кириакос Мицотакис повика за зајакнување на одбранбената индустрија на Грција за да ја зајакне „оперативната подготвеност“ на вооружените сили на земјата за време на посетата на Министерството за одбрана, во средата, соопштија грчките медиуми.

Мицотакис, кој имаше разговори со министерот за одбрана Никос Панајотопулос и со военото раководство на Грција, изјави дека меѓу приоритетите на неговата влада е зајакнување на одбранбените способности на земјата во рамките на Европската Унија и на НАТО.