Танкер со околу 190 мигранти се насука во близина на пристаништето на островот Кеа, во близина на грчката престолнина, соопшти крајбрежната стража.

Танкерот во раните утрински часови удрил во надворешната заштитна ограда на пристаништето поради силен ветер, а сите патници успеале да се симнат и биле сместени во локален хотел, пренесува АП.

Засега не е познато каде пловел бродот, но се наведува дека мигрантите досега ретко кориселе товарен брод за превоз.