Некои пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур предупредија дека Хрватска носи енормни отштети во постапките против новинарите

Сатиричниот портал „Њус Бар“ заработи судска пресуда за објавен текст, „Јурањи лист“ мора да плати 50.000 куни поради авторизирано интервју со пратеникот Никола Грмоња, а ХРТ поднесе тужба против Хрватското новинарско друштво и против двајца свои новинари. Во декември судијата на Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе првостепена пресуда со која сатиричниот портал мора да му исплати на Велимир Бујанц 12 илјади куни судски трошоци поради сатиричниот напис со наслов „Итна помош го оживува Бујанц по веста за заплена на кокаин вреден 44 милиони евра“. Во оваа пресуда судот заклучил дека „Њус Бар“ мора да плати отштета затоа што објавил невистинита информација, со која свесно и безобѕирно го навредил и наклеветил Велимир Бујанц, пишува „Нови лист“.

– Пресудата против „Њус Бар“ не е само удар на сатирата и новинарството, туку и удар на здравиот разум. И оваа пресуда, како и сите претходни, покажуваат дека новинарите станаа зачестена и лесна цел за целиот репресивен апарат. Се случува често судиите да ги тужат новинарите, а нивните колеги судии да го водат предметот.

Некои пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур предупредија дека Хрватска носи енормни отштети во постапките против новинарите. Ова покажува во каква тешка состојба се наоѓа новинарската струка и за тоа колку државата дозволува малтретирање на новинарите и на новинарската професија – вели Хрвоје Зовко, претседател на Хрватското новинарство друштво.

Во тужбите на ХРТ против ХНД и против двајца новинари на хрватската телевизија, Зовко забележува дека тоа е незабележан напад на струковото друштво и на своите вработени новинари, за да се испрати пораката – ако ова можеме да им го правиме на нашите, што може да им се прави на други. На овој начин се сака да се уништи новинарската професија како јавно добро, објаснува Зовко.

За судијката не беше доволна одбраната на порталот дека станува збор за сатиричен осврт и таа сметала дека во прашање се свесни измислици. Според неа, сатирата претставува исмевање конкретни, постојни аномалии во општеството, односно исмејување вистински факти и настани, а не измислени. Од „Њус Бар“ беше објавен и демантот на спорниот текст, што е единствен случај за демантирање целосно лажна вест, за која и на самиот сајт е јасно назначено дека тие се невистинити. Оваа пресуда на судот го охрабри Велимир Бујанц, кој најави нови тужби против медиумите што се занимаваа со неговата промоција во нацистичка униформа и плаќање проститутка со кокаин, пишува во текстот на „Нови лист“.

Судот во Загреб донесе пресуда со која издавачот на неделникот „Лидер“ треба да му исплати на Милијан Бркиќ, потпретседателот на Хрватскиот сабор и заменик-претседател на ХДЗ, 15 илјади куни за камата и судски трошоци затоа што му биле „загрозени достоинството, угледот и честа“. Авторот на текстот насловен „Политиката е сепак курва“ во 2014 година напишал дека Милан Бркиќ го препишал дипломскиот труд и на осомничените за воени злосторства им дојавувал дека ќе бидат уапсени од полицијата. Текстот е објавен пред да бидат објавени содржините на тајно сниманите разговори што ги водел Бркиќ со припадниците на Антитерористичката единица. Во 2009 година Бркиќ беше заменик-началник на полицијата. Тој пред судот тврдел дека тоа не било откривање на тајните мерки, затоа што бил свесен дека се прислушуваат телефонските разговори на специјалците.

Неделникот „Новости“, односно Српското народно собрание, на Мирјана Хрга мора да ѝ исплати 48 илјади куни за објавениот текст „Суицид од заседа“. Овој медиум исплати и отштета за објавен текст во кој се споменува друго лице.