Граѓанската иницијатива „Не да(ви)мо Београд“ соопшти дека српските судски органи поднеле над 30 постапки против нивни активисти поради организирање на протестите за спречување на проектот „Белград на вода“, за што им биле изречени парични казни во износ од 180 илјади динари.
Казните за активистите претставуваат обид на актуелната власт да се задуши граѓанскиот отпор, објавија некои медиуми во Србија.
– Овие казни на најдобар начин покажуваат дека еден закон важи за функционерите од владејачката партија, чие насилно однесување се наградува, а друг закон се применува за граѓаните. Помогнете ни за да не им дозволиме да го скршат незадоволството на граѓаните – апелираат од граѓанската иницијатива.

Најголема казна од 100.000 динари била изречена за протестот „Оставка и одговорност“ на 15 февруари 2017 година, кој беше организиран како реакција на сознанијата на сопругата на поранешниот градоначалник Синиша Мали изнесени во интервју за Крик, мрежа за истражување на криминалот и корупцијата.
– Во овој случај судот одлучил дека сме виновни затоа што сме го прекршиле Законот за јавни собирања, кој пропишува дека протестот мора да се пријави пет дена порано и дека протестот се случил како реакција на одредени настани и затоа тој не може да има организатор – посочуваат од граѓанската иницијатива „Не да(ви)мо Београд“.