Софискиот управен суд пресуди во корист на брачен другар во хомосексуална двојка во Бугарија, со што му дозволи право за престој. Станува збор за брачна двојка девојки, едната е државјанка на Австралија, а другата на Франција, која има дозволен престој во Бугарија, објави младинската ЛГБТ-организација „Акција“.
Австралијката од бугарските власти треба да добие дозвола за престој во Софија според директива на ЕУ, која дозволува слободно движење во ЕУ на странски државјани ако брачниот другар е државјанин на земја-членка.
Сепак, во 2017 година Директоратот за миграција во МВР го одбива правото за нејзин престој со образложение дека истополовите бракови во Бугарија не се дозволени со Уставот.

Одлуката на Управниот суд во Софија не е конечна, но е во согласност со неодамнешната одлука на Европскиот суд за слично дело во Романија. Во тој случај станувало збор за Романец и за Американец. Според Европскиот суд на правдата, земјите од ЕУ мора да го почитуваат правото на живеење на двојки од ист пол, со лица од друга земја, кои сакаат да живеат заедно на нивната територија, објави БТВ.