Повеќе стотици мигранти се насобрани на границата меѓу Турција и Грција, во близина ан контролниот пункт Кастијанс, во очекување да им биде дозволено да ја поминат границата. Медиумите јавуваат дека турската полиција употребила солзавец притив миграните кои сакале да ја мината граничната линија.

Во текот на ноќта помали групи мигранти се обиделе да го пробијат кордонот, но полицијата користела солзавец за ги спречи во намерата. Околу 500 мигранти се обиделе да влезат во Грција кога Анкара ја намали контролата, односно одлучи веќе да не ги запира бегалците од Сирија, кои по копно и море се обидуваат да стигнат во Европа.

По најавите од турска страна дека ќе ги отвори границите за бегалците и мигрантите да стигнат до Европа, грчките медиуми објавија дека луѓето со автобуси биле носени кон копнената граница на Турција и Грција, а насобрани бегалци и мигранти имало и на турското крајбрежје, подготвени да се качат на бродови и чамци за да стигнат на некој од грчките острови.

Претходно грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок поради ситуацијата со мигрантите и бегалците од Турција. Тој преку Твитер порача дека земјата нема да толерира никакви нелегални влегувања.

– Владата ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите граници – рече владиниот портпарол Стелиос Пецас пред новинарите. Во изминатите 24 часа, рече тој, грчките власти спречиле обиди на 4.000 луѓе да преминат во земјата.