Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за францускиот весник „Фигаро“ истакна дека Турција е многу важна земја за Алијансата.

– Сите сојузници ја критикуваа операцијата (Извор на мирот),но никој не зборуваше за местото на Турција во НАТО. Турција им дозволи на сојузниците да ги користат нивните бази, учествуваше во борбата против Исламска држава. Турција е единствена земја во НАТО на граница со Сирија и со Ирак. Прими 3,6 милиони бегалци. Турција е многу важна за НАТО. За ова да се разбере, доволно е да се погледне картата и да се испита геостратешката положба на Турција – вели Столтенберг.

Во врска со неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО доживеа мозочна смрт“, тој вели дека НАТО е од витално значење за безбедносните прашања.

– Тоа го докажа штитејќи речиси една милијарда луѓе секој ден и со децении го одржува својот најголем придонес за одбраната – додаде Столтенберг.