Според американскиот Стејт департментот Албанија и понатаму останува земја лидер во перење пари. Во извештајот за 2017 година се наведува дека Албанија се уште е во значителен ризик од перење пари, големата корупција и слабите институции.

Како главни извори на „валканите пари“ се споменуваат недозволената трговија со дрога, даночното затајување, криумчарењето и трговија со луѓе.

– Изградбата, посебно во крајбрежните области, деловните проекти и коцкањето, се најпопуларните методи за перење пари во Албанија – се констатира во извештајот.

Исто така, се наведува дека албанските институции не се ефикасни во борбата против перењето пари, што дава можност во оваа змеја лесно да се перат пари.

Стејт департментот ја повика официјална Тирана да ја засили борбата против перењето пари и одземањето на незаконски стекнатиот имот.