Стапи во сила одлуката на албанската влада за забрана на производство,трговија и употреба на пластични кеси послаби од 30 микрони.

– Од денеска е забрането рециклирање и користење на пластични кеси под 30 микрони. Отсега овој производ се смета за незаконски на територијата на Албанија. Затоа, во спроведувањето на оваа одлука, која e во рамките на нашата голема акција „Да ја исчистиме Албанија што ја сакаме”, потребна е заедничка ангажираност на надлежните, но и граѓаните. Го упатувам последниот јавен повик до сите корисници, увозници и производители на кеси со помалку од 30 микрони дека од денеска ќе биде невозможно да се реализира оваа активност во Албанија, порача министерот за животна средина и туризам Бленди Клоси од заедничката средба со началниците на регионалните инспекторати за животна средина.

За доследно почитување на одлуката, освен министертвото е вклучена и Управата за јавни приходи, кои ќе вршат строга контрола кај 70-те регистрирани производителите на пластични кеси, трговците, увозниците, потрошувачите.

Сериозна и максимална ангажираност на средбата најави и генералната директорка на УЈП Василика Бјеро.

И покрај најавата од пред неколку дена за стапување во сила на одлуката и апелите пластичните кеси, сепак, беа во употреба.