Фото: Албин Курти/Твитер

Ставот на косовскиот премиер Албин Курти кој истакна дека би гласал за обединување со Албанија доколку таквиот референдум се спроведе мирно и демократски, наиде на остри реакции во Србија, од каде побараа реакција од меѓународната заедница за таквата изјава.

– Сега имаме обострано непознавање, но мораме да се познаваме. Нема да се напаѓаме едни со други. Сметам дека ЕУ е важен фактор кој може да обезбеди рамка за идна спогодба – порача Курти во интервју за онлајн-магазинот „Монокл“.

– Меѓународната заедница мора конечно да почне да реагира на опасните и воинствени изјави на Албин Курти за фашистичкиот концепт на голема Албанија. Реакцијата на меѓународната заедница мора да биде децидна, пред Курти да помисли дека молкот значи оти има зелено светло за вовлекување на регионот во нова спирала на конфликти – изјави синоќа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ.