Српскиот пратеник Муамер Зукорлиќ доби службено обезбедување по примените закани за ликвидација од страна на терористичката „Исламска држава“.

На порталот „Руми“, кој е под контрола на ИД, објавен е текст во кој се бара да биде убиен Зукорлиќ, кој е член на парламентарната комисија за образование, но и неколкумина верски водачи од Босна и Херцеговина.

– Добив обезбедување по заканите за безбедноста, поради закани со убиство од ИД. Видео-клипот со закани е објавен на Фејсбук, потврди Зукорлиќ.