Продавниците на северот на Косово, кои се во сопственост на Срби, повторно се отворени по дводневниот прекин на работата поради воведувањето на високите царини за увоз на српски производи. Претставниците на Здружението на стопанствениците од северот на Косово постигнаа договор да ги отворат своите продавници, аптеки и угостителски објекти.

Директорот на Клиничкиот центар во Косовска Митровица, Милан Ивановиќ, изјави дека состојбата во овој здравствен центар е загрижувачка, но дека се прават напори за снабдувањето со лекови да се нормализира.

– Пациентите можат да бидат згрижени, но нема одделни раствори, анестетици и антибиотици. Очекуваме состојбата да се одобри во наредните денови – изјави Ивановиќ за РТС.

Според Ивановиќ, алтернативното снабдување со соодветни медицински производи е оневозможено од властите во Приштина и косовската полиција. Во тоа им помагаат и припадниците на Кфор и Еулекс, кои учествуваат во заробувањето на камионите со храна и лекови, со што излегуваат од рамките на своите овластувања, а со тоа се продлабочува и проблемот за редовна работа на Клиничкиот центар.