Познатата српска новинарка Драгана Трипиќ (58) утринава е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Белград. Телото го пронашла нејзината ќерка.

Драгана, наводно, била во депресија поради работата и кредити. Во нејзината последна објава на Твитер пишува за борбата на корисниците на кредити во швајцарски франци со банките.

Како што пишува „Курир.рс“, ќерката на новинарката ѝ рекла на полицијата дека Драгана била депресивна поради кредитот што го имала во швајцарски франци.

Драгана Трипиќ е родена на 16 мај 1961 година, а работела како новинар во неколку белградски редакции.