По ниедна цена не смее да се доведат во прашање суверенитетот и интегритетот на Србија во Косово и Метохија. Косово никогаш не било ниту може да биде само политичко прашање, за чие решавање монополот го имаат исклучиво државните органи, соопшти Светиот архијерејски синод на Српската православна црква.

За нас прашањето на Косово и Метохија, низ историјата и денес, пред сѐ е опстанок на свештенството, монаштвото, верниот народ, а посебно што тоа е древно светилиште, без кое не би биле тоа што сме, се наведува во соопштението на СПЦ.

– Секој потпис што би овозможил признавање на Косово, учество во ОН и одрекувањето на Србија од него под каква било форма, засекогаш би го укинал секое историско право на Србија на овие темелни простори на нашата духовност и државност – предупредува Синодот на СПЦ.

Светиот архијерејски синод на Српската православна црква особено предупредува на тоа што под наводното „разграничување меѓу Србите и Албанците“ се наметнува можност за одвојување на најголемиот н најважен дел на Косово и Метохија од составот на Србија и негово признавање како дел на независно Косово или на голема Албанија. Последиците од ваквата одлука би биле трагични за опстанокот на нашиот народ и нашите светилишта. Во тој случај мнозинството Срби, без соодветна заштита и безбедност, би биле принудени на иселување од овие историски простори, на кои со уште поголем интензитет би се формирало едно етничко чисто албанско општество, со бришење на трагите на српското постоење, се посочува во соопштението на Синодот на СПЦ.