Претседавачот на опозицискиот блок Сојуз за Србија, Небојша Зеленовиќ денеска изјави дека српската обединета опозиција нема да прифати нови избори без коренити промени на изборните услови и без слободни медиуми.

Тој најави дека здружената опозиција ќе излезе со заеднички барања за „фер и чесни избори“.

Зеленковиќ оцени дека од доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ на власт изборите престанале да бидат начин на изразување на демократската волја на граѓаните.

– Изборите за диктаторот станаа начин за управување со Србија – кога не знае што друго да прави, кога сиромаштијата и неслободата во Србија те тераат в ќош, тогаш повикуваш на избори – наведе Зеленовиќ.

Тој додадв дека Србија не сака живот во изборни „кампањи, лаги и измами, од избори до избори”.

– Додека (Вучиќ) по светот ветува дека ќе го реши Косово и дека ќе го зачува мирот и стабилноста, тој ја зацврсти својата моќ на разни нелегални начини, така што во вакви изборни услови, со контрола на парите и медиумите, тој смета дека може бесконечно да ги мами и луѓето во Србија и партнерите во странство – оцени Зеленовиќ.