Српската народна партија најави тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните.

Од партијата велат дека Вучиќ прогласил победа над короната, а сега повторно ги заклучува граѓаните во куќен притвор, за да им ја наметне ним одговорноста за состојбата.

– Тој ги заведе граѓаните и ги загрози нивните животи со лажните избори – наведе Народната партија преку соопштение.

Партијата повика на нови протести најавени за попладнево против воведувањето на полициски час.