Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред состанокот со претставниците на Србија и Косово, во Белата куќа, соопшти дека Србија се согласила да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, а дека Косово и Израел се договориле да ги нормализираат односите и да воспостават дипломатски врски.

Веднаш откако беше објавена оваа вест, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, му се заблагодари на српскиот премиер, Александар Вучиќ, на одлуката Ерусалим да биде признаен како главен град на Израел и за преместување на српската амбасада во овој град.

– Ќе продолжиме со напорите и други европски земји да ги преселат своите амбасади во Ерусалим – рекол Нетанјаху и додал дека Израел и Косово, исто така, ќе воспостават дипломатски односи.

Од 158 држави кои имаат дипломатски односи со Израел, само две ги преместија своите амбасади во Ерусалим, а тоа се САД и Гватемала.