На Самитот „16+1“ во Софија, Србија потпиша три документи со Кина, од кои Комерцијалниот договор за изградба на третата делница на брзата пруга Белград-Будимпешта, од Нови Сад до Суботица е вреден 943 милиони евра.

– Од исклучително значење е што на Самитот конечно ја затворивме финансиската конструкција за целата делница во Србија. Ние почнавме со изградба на делницата Белград-Стара Пазова, Стара Пазова-Нови Сад, во должина од 75 километри со руски и кинески компании. Од денеска имаме договор за преостанатите 108 километри од Нови Сад-Келебија и изградбата би можела да почне во 2019 година, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во Софија.

Покрај овој договор, Србија на Самитот во Софија со кинеските партнери потпиша и Меморандум за соработка на проектот за реконструкција на делницата на Коридорот 10 на пругата Белград-Ниш-Прешево-Македонија и Меморандум за индустриски парк за овошје и зеленчук.