Србија започна со поставување метална ограда на границата со Македонија во близина на Прешево, јавуваат српските медиуми. Оградата треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини.

Шиприм Арифи, претседател на општина Прешево на југот на Србија, на 380 километри оддалечена од Белград, за дописникот на „Радио Слободна Европа“ од Крагуевац , изјави дека изградбата на жичаната ограда е дел од договорот со Европската унија (ЕУ).

– Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуано пак ќе почнат масовно да се движат по таканаречена балканска рута – вели Арифи.

Србија е на таканаречената балканска рута, преку која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. Според најновите податоци, објавени од српскиот Комесаријат за бегалци на 20 јуни, има околу 4.800 лица во 18 центри за азил и прием во Србија.