Лидерот на српската опозициска Народна странка Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата на собирање на потписи на граѓаните против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации.

Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во ОН и дека собирањето потписи ќе се одвива со недели и во сите делови на Србија.

– Не е вистина дека членството на Косово во ОН е неопходно за да се сочува мирот во регионот – изјави Јеремиќ, додавајќи дека НС е за преговори во кои до компромисно решение би се дошло така што тоа нема да го подразбира трајното одрекнување на Србија на таа територија. „Во тие преговори прво треба да се решат други работи, како што е државниот и приватниот имот вреден дестици милијарди евра, како и заштитата на црквите и манастирите“, додаде тој.

Презентирајќи го неговиот став во поглед на положбата на Србите во Црна Гора, Јеремиќ изјави дека „во Европа, покрај Косово, Црна Гора е местото каде на Србите им се најзагрозени човековите права“.

Ваквите ставови на Вук Јеремиќ за Косово, коинцидираат со вчера објавената програмата на „Сојузот за Србија“ – иницијатива на опозиционите партии за обединување, покрената од Драган Ѓилас, а засега подржана од Демократска партија (Зоран Лутовац), Народната партија (Вук Јеремиќ), Левица на Србија (Борко Стефановиќ), Здрава Србија (Милан Стаматовиќ), Заедно за Србија (Небојша Зеленовиќ) и Синдикатот Слога (Жељко Веселиновиќ), а се очека да се приклучат и ДВЕРИ (Бошко Обрадовиќ), и Демократската партија на Србија (Милош Јовановиќ).

На опозицискиот Сојуз за Србија нема да се му приклучат Саша Јанковиќ и Движењето на слободни граѓани (ПСГ), како и Чеда Јовановиќ од Либерално-демократската партија (ЛДП) кој изјави дека “не знае што би работел во овој сојуз”.

– На таа маса се Стаматовиќ, Бошко Обрадовиќ, Славиша Ристиќ и Вук Јеремиќ , кои исто како и Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ објаснуваат дека зачувувањето на резолуцијата 1244, чувањето на Уставот, замрзнатиот конфликт и руската чизма се иднината на Србија, додека сите, останати се предавници, вклучувајќи ме и мене – изјави Чеда Јовановиќ.