Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека Србија испратила протестна нота до службените лица на Европската комисија затоа што Никола Тесла бил претставен како Хрват на интернет-презентацијата на Европската Унија.

Дачиќ за „ТВ Пинк“ изјави дека протестната нота е испратена до европската комесарка за иновации, истражувања, култура, образование, млади и спорт, Марија Габриел.

Министерот посочи дека ЕУ во материјалот за едукација на младите луѓе навела дека Тесла е познат Хрват што ги открил рендгенските зраци.

– Јас неколку пати повторував, дека ако Никола Тесла живееше во Југославија за време на Втората светска војна, тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац – изјави Дачиќ за ТВ Пинк.