По вчерашната седница на кризниот штаб во Србија, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, соопшти дека од оваа сабота, 23 октомври, од 22 часот навечер, се воведуваат ковид-сертификати за сите угостителски објекти. Тоа значи дека по 22 часот, граѓаните нема да можат да бидат во затворен простор од овој тип без валидна пропусница.
Инспекциите се подготвени кога станува збор за проверка на ковид-пропусниците. Комуналната полиција ќе ги контролира сите инспекции – вели Брнабиќ.
Според пишувањето на белградски „Блиц“, указот за воведување сертификат за ковид треба да биде усвоен на седница на српската влада.
Кризниот штаб одлучи дека пропусници нема да бидат потребни за аптеките и продавниците.
Меѓутоа, според информациите на „Блиц“, сѐ уште нема сигурни информации за кои услужни активности ќе важи валидноста на пропусницата, но сигурно е дека ќе се користи за ноќните клубови и баровите.