Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин.

Амбасадата на Србија во Кувајт, која на нерезиденцијална основа го покрива Бахреин, била во постојан контакт со семејството на починатата за време на лекувањето во болницата во Бахреин и известувала за здравствената состојба, секојдневно комуницирала и со персоналот на болницата, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

– Иако сè уште не сме официјално известени од властите на Бахреин за смртта на нашата државјанка, туку само од болницата во која таа се лекуваше, ги презедовме сите подготовки за доаѓање и престој на нејзиното семејство во Бахреин, обезбедени се визи за членовите на семејството за Бахреин, како и околу организација на транспортот на посмртните останки во Србија – се наведува во соопштението.