Со навремена интервенција на грчката противпожарна служба биле спасени осум лица, меѓу кои едно дете, од пожарот што избил кусо по полноќ во прифатниот центар за бегалци и мигранти во Лаврио, во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Мигрантите превентивно биле пренесени во болница и сите се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Причината за пожарот што избил во една од собите, се уште е непозната, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со две возила, јави дописничката на МИА од Атина.