Албанската полиција се судри со приврзаниците на опозицијата кои протестираа во Тирана против уривањето на зградата на Народниот театар.
Опозициски политичар изјавил дека 30 лица биле уапсени, меѓу кои и новинар.

Локалните медиуми јавија дека била уапсена и Моника Криемади, сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, која е лидерка на мала опозициска партија.

На одлуката на владата за уривање на зградата на Народниот театар, која ја изградиле Италијанците кога ја окупирале Албанија во Втората светска војна, се спротивставија голем број уметници, опозициски политичари и други граѓани, потенцирајќи дека зградата треба да се реновира.