По извршената контрола на школскиот брод „Јадран“, воената полиција пронашла повеќе десетици килограми непозната материја за која се сомнева дека е дрога, со што била спречена намерата на криминалните групи да се злоупотреби најавеното крстосување на бродот, соопштија во петокот од Министерството за одбрана на Црна Гора.

Неколкумина нуркачи од подводно-диверзанстката единица го прегледала трупот на бродот. Контролата е извршена врз основа на оперативните активности на службениците во Одделот за воено разузнавање, кои дошле до сознанија дека одредени криминални групи имаат намера да го искористат крстосувањето на школскиот брод „Јадран“, кое било планирано за 19 април, пренесе „Вечерњи лист“.

Според информациите на медиумите, студентите и професорите на Поморскиот факултет не бил сместени во бродот пред да се открие сомнителната материја.

Истрагата за тоа кој ја поставил „пратката“ во бродот се води од управата на полицијата и од воено-безбедносните органи, во координација со Вишото државно обвинителство на Подгорица.