Вчераутро пристигнал сомнителен пакет во Министерството за надворешни работи на Словенија. Веднаш е повикана полиција. Веста за пристигнувањето на пакетот официјално ја потврдија од министерството, кое го води Миро Церар. Според тоа што може да се види на терен, поголем број полицајци и пожарникари се распоредени во непосредната близина на објектот, а можат да се забележат и службени лица облечени во заштитни униформи со боци со воздух.

Актуелниот министер за надворешни работи на Словенија Миро Церар, не сака да биде дел од идна влада на чие чело би бил Јанез Јанша. Церар го порача ова преку писмо испратено до раководството на неговата Партија на модерниот центар (СМЦ), пренесоа словенечките медиуми.

– Уште од моето влегување во политиката јас се противев на политиката на Јанез Јанша. Јас, секако, ги поддржувам напорите на СМЦ да има дијалог со сите партии за да се формира влада со демократски вредности и повисока култура. Во случај Јанез Јанша да формира влада, јас секако не сакам и нема да бидам дел од истата таа – напиша Церар во писмото.

Според локалните медиуми, по писмото на Церар, речиси е невозможно СМЦ да направи коалиција со партијата на Јанша.