Грчката полиција синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале пред Парламентот за да изразат незадоволство од нацрт-законот со кој се ограничуваат јавните демонстрации.

На плоштадот „Синтагма“ можеле да се видат облаци чад, а „Ројтерс“ пренесува дека врз полицијата биле фрлени три димни бомби.

Освен во Атина, протести се одржале и во 40 други градови, на кои учествувале околу 10.000 луѓе, пренесува „Асошиејтед прес“.