Планираната дебата на министрите за надворешни работи на ЕУ за Западен Балкан е поместена од априлскиот термин на состанокот на Советот на ЕУ, што ќе се одржи на 10 мај, потврдуваат од Брисел.
Советот на ЕУ соопштил дека промената на агендата се должи на одлуката да се одржи состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, наместо физички, во Луксембург на 19 април, преку видеоконференција.

Минатиот месец, девет земји-членки, во писмо до европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, побараа „враќање на Западен Балкан“ на агендата на Советот на министри на ЕУ.

– Време е стратешки да ја разгледаме ситуацијата на Западен Балкан – велат во заедничкото писмо министрите за надворешни работи на Австрија, Германија, Хрватска, Чешка, Словачка, Грција, Ирска, Романија и Словенија.

Министрите од овие девет земји на ЕУ сметаат дека на Западен Балкан треба да се гледа не само во контекст на проширување, туку и на надворешната политика на ЕУ, изјавувајќи дека „други играчи се подготвени да се вклучат во регионалните прашања, често на штета на ЕУ “.