Словенката Алма Новљан исчезна на хрватскиот остров Мљет каде била на одмор со нејзиниот сопруг. Последен пат била видена на 26 јуни, од кога и се губи секаква трага.

Дента кога исчезнала таа носела црна кошула со натпис „Биг Бен Лондон”, бели шорцеви и сандали. Таа беше пријавена за исчезната од страна на нејзиниот сопруг со кого престојувала во кампот во Ловиште на Пелешец, кадешто последен пат била забележана.

Нејзиното семејство на Фејсбук објави дека нудат 10 илјади евра награда за информациите коишто би помогнале таа да се пронајде.

И покрај сите напори и пребарувања, потрагата досега не дава резултати.