Словенечката Влада соопшти дека денеска пред Европскиот суд на правдата во Луксембург поднела тужба против Хрватска поради неспроведување на одлуката на арбитражата за нивната меѓусебна поморска граница во Пиранскиот Залив. 

Во соопштението се посочува дека тужбата е поднесена врз основа на член 256 од Лисабонскиот договор, според кој, земја членка на ЕУ може да поднесе тужба против друга членка поради прекршување на законите на Унијата. 

Љубљана е уверена дека со одбивањето да ја спроведе арбитражната одлука за границата од 29 јуни 2017 година, Хрватска ги прекршила принципите за владеење на правот, ги поткопува заложбите на Словенија за спроведување на законите на ЕУ и ги крши шенгенските правила, стои во соопштението. 

Хрватска не ја признава арбитражната одлука, сомневајќи се во непристрасноста на арбитражата и бара двете земји спорот да го решат со билатерален договор. Словенија, од своја страна, инсистира на почитување на одлуката на арбитражата, став кој го поддржува и ЕУ.