Фото: Маја Јаневска-Илиева

Последните денови од јули и почетокот на август ќе го донесат најинтензивниот топлотен бран за ова лето во Европа и на Балканот. Се очекува температурите да го преминат 40-от степен во некои области, односно потенцијални 45 степени Целзиусови во Грција за време на викендот. Грција се подготвува за екстремен топлотен удар со температури што треба да се искачат и до 44 Целзиусови степени во наредните денови.
Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита во понеделникот издадоа предупредување, а се очекува топлото време да потрае до 8 август.
Институциите за спасување предупредуваат на можноста од забрзано ширење на пожари низ земјата, во која во последните неколку недели паднало малку дожд, поради предвидените силни ветрови.
Закана за појава на пожари има и во преостанатите делови на Балканскиот Полуостров.