Првиот истополов брак во Црна Гора беше склучен денеска, а во заедница стапија две девојки.

Според локален службеник во Будва, на партнерите им се дадени права и обврски во согласност со црногорскиот закон, а зборовите на поетот Душан Радовиќ за љубовта и заедничкиот живот го објаснија и она што не е опфатено со законот.

Минатата година црногорскиот парламент усвои закон за истополово партнерство, кој стапи на сила на 15 јули оваа година. Досега околу дваесеттина ЛГБТ парови поднеле барање за брак.

Според законот, на ЛГБТ лицата им се дадени истите права како и хетеросексуалните парови, освен за посвојување и старателство над деца.